На 10ти јуни во Гостивар, Република Северна Македонија се одржа првата обука за членовите на СТЕП мрежата,за градење на капацитет за зголемен пристап на пазарот за членовите на СТЕП мрежата во Гостивар. Во рамките на работилницата членовите имаа можност да бидат дел од работилница со локални експерти во полето на маркетинг стратегија, дигитален маркетинг како и блог маркетинг. На почетокот од обуката најпрво учесниците се претставија и ги истакнаа нивните специфични активности, искуства и позитивни примери. А потоа од страна на експертите имаа прилика подетално да се запознаат со основите на маркетинг, каналите на дигитален маркетинг и нивни карактеристики како и блогерски платформи и алатки. Како дел од обуката учесниците имаа прилика да работат во групи.