На 23ти април, во Тетово, Република Северна Македонија беше оддржана првата фокус група за брендирање на СТЕП мрежата. Во рамките на фокус групата на учесниците  беа понудени можни слогани и имиња на туристички пакети кои ќе бидат креирани во рамките на СТЕП мрежата.За време на дискусијата учесниците активно партиципираа и го изразија своето мислење околу понудените опции, дури и дадоа свои предлози. Фокус групата беше составена од учесници кои доаѓаат од различни професионални сфери. За време на 2 часовната средба, добивме одлични насоки кои ќе се земат во предвид во процесот на брендирање на СТЕП мрежата.