На 14ти мај, во Беловиштe – Општина Јегуновце, Република Северна Македонија беше оддржана втората фокус група со членовите на СТЕП мрежата. Во рамките на фокус групата на учесниците беа понудени предлог минимум критериуми кои треба да ги поседуваат капацитетите за да добијат СТЕП Сертификатот за усогласеност. За време на дискусијата учесниците активно партиципираа и го изразија своето мислење околу понудените опции и дадоа корисни повратни информации. Фокус групата беше составена од учесници кои доаѓаат од различни професионални сфери. За време на неколку часовната средба, добивме одлични насоки кои ќе се земат во предвид во процесот на брендирање на СТЕП мрежата.