Иницијативата за соработка од страна на претставници на Проектот за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП)- Step – Smart Tourism Enhancement Project во согласност со активностите на #АППТРМ за координативен пристап, меѓуинституционална и меѓународна соработка, како и вмрежување на сите засегнати туристички субјекти, ги разгледа можностите каде АППТРМ може да им помага на туристичките јавни и приватни субјекти, во промовирање на нивните услуги.

На денешниот состанок директорот Љупчо Јаневски и Флорент Бајрами, проектен координатор на СТЕП ги поставија насоките во остварување на заеднички цели:
– Активности во смисла на проширување и унапредување на стратешкиот и координиран пристап до специфични нови и стратешки пазари за извоз на туризам за туристички бизниси (особено Малите и средни претпријатија – МСП и нови претпријатија), и зголемување на капацитетите на туристичките претпријатија за задоволување на побарувачката и барањата на туристите во регионот и градење на стратешки партнерства и соработка во земјата, регионално и глобално;

– Целта е да се направи конструктивно влијание што ќе доведе до силна одржлива СТЕП мрежа на информирани и овластени туристички јавни и приватни субјекти, ГО, туристички кластери и / или стопански комори. Како што се наведува во официјалниот документ на СТЕП, мрежата користејќи ги социјални медиуми и онлајн ресурсите, ќе обезбеди одличен канал за дистрибуција на информации.