Добредојде!
За почеток, преку овa краткo упатствo за користење ќе се запознаеш со можностите што ти ги нуди www.step.mk.
Регистрација/најавување
За да можеш да купиш производ од www.step.mk , потребно е претходно да се регистрираш (доколку си нов корисник), односно да се најавиш (доколку си веќе претходно регистриран). На почетокот на регистрацијата, ќе бидеш запознаен со Правилата и условите за продажба на www.step.mk .Со кликнување на полето „СЕ СОГЛАСУВАМ“ ќе ја потврдиш својат согласност.
Со регистрација на www.step.mk добиваш можност да:
- ги зачуваш твоите податоци за достава и плаќање и на тој начин да заштедиш време при секоја твоја следна нарачка,
- да го следиш статусот на твоите нарачки, како и да ги прегледаш твоите претходни реализирани нарачки,
- да добиваш известувања за нови промоции и настани на www.step.mk.
Купување
Производите кои што ќе ги одбереш за купување се зачувуваат во твојата кошничка. Пристапот до кошничката е лесен, со едноставно кликнување на симболот што ја означува, или пак со кликнување на полето „кошничка“ во главното мени.
Во секое време можеш да правиш измени во твојата кошничка - да додадеш или избришеш некој производ, како и да ги менуваш количините на избраните производи.
Со кликнување на полето „ПЛАЌАЊЕ“ се преминува на следниот чекор, каде што се потврдуваат информациите за достава. Тука, можеш да ја промениш адресата каде избраните производи ќе бидат доставени, како и да оставиш коментари во врска со доставата (особено околу времето на испорака на производите).
Следниот чекор се однесува на информациите за плаќањето. Тука, можеш да ја промениш својата адреса на која опционо ќе може да биде доставена фактурата за купените производи.
Со кликнување на полето „продолжи“, останува само уште да ја потврдиш твојата нарачка. Ова е последниот чекор каде за последен пат можеш да ги прегледаш сите информации околу твојата нарачка, како и да направиш измени, доколку е тоа потребно.
На крај, останува само да ги внесеш бараните податоци од твојата платежна картичка VISA или MASTER (за заштитата на податоците од картичката, прочитај ги нашите Правила и услови за продажба).
Доколку имаш какви и да било прашања или коментар, слободно контактирај не на contact@step.mk, или на телефонскиот број 02/3290 -585.
Ти посакуваме добра забава и успешно купување!
Твој Степ.
|