ЕУ за тебе, гласи мотото на сите проекти финансирани од ЕУ во Македонија, но „и ние сите заедно, за нас“, е мотото кое не движи напред и е поттикнувач на средби како регуларната средба меѓу претставниците на Метаморфозис и ИЕГЕ, (Проектот за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП),  и проектот Надвор од границите – Воведување на паметен туризам и споделување на економијата финансирани од меѓуграничната програма под ИПА II алокации за 2014 и 2015).

Целта е  сите комплементарни знаења стекнати во текот на проектите и предходно,  да се користат поефикасно како можни средства за поголеми резултати во рамки на проектите.

На оваа средба беа споделувани искуствата за истражувањата на ИЕГЕ, а потоа се разгледуваа прашалниците подготвени од проектниот тим на СТЕП кои ги презентираше Флорент Бајрами од Метаморфозис, со корисни препораки од страна на Сузана Касовска Георгиева од ИЕГЕ.

Месечните средби имаат за цел да ги мултиплицираат ефектите на поединечните активности и интервенции во рамки на проектите, бидејќи доста од активностите на овие два проекти се од слична природа, но географската целна група е сосема различна.