На двата последователни состаноци во Елбасан и Тетово за создавање на рамка за можни туристички пакети на соодветните региони, беа подготвени некои можни туристички пакети.

Најмалку седум можни пакети може да им бидат понудени на членовите за да создадат заеднички туристички пакетi од Елбасан:

  1. Езерa на Белш, Сеферан (изборно кану), фото сесии, традиционални носии, сместување во Елбасан (Ѓинар како дополнителна опција)
  2. Модел Виа Игнација, Пеќин, Елбасан, Ѓинар, продолжува во Македонија
  3. Елбасанските бањи,
  4. Грамш, Кањон Холта, пештери
  5. Националниот парк Шибеник Јабланица
  6. Букови шуми, со велосипедски тури
  7. Летниот Ден на Елбасан, како посебен пакет

Како и четири можни пакети за Полошкиот регион:

  1. Туристички пакети на културните споменици на Полог;
  2. Туристички пакети на туристички центри како што се П. Шапка и Маврова;
  3. Туристичкиот пакет на Виа Игнација и неговите гранки во Полог;
  4. Туристички пакети на пештери во Полог и други природни ресурси.

Тие може да се конкретизираат на дводневните работилници на крајот од јануари во Попова Шапка (30-31 јануари), а на 13 и 14 февруари во Елбасан, Албанија, каде што се очекува клучни учесници да бидат комерцијални туристички ентитети (ресторани, хотели, туристички агенции, хостели, сместувања …) од двата споменати региони.

Исто така, како првични идеи беа дадени и пакетите за дегустација на сирење на Маврово и Шар планина, земјоделски туризам и параглајдерски тури за одредени групи туристи.

Поради оваа причина, ги повикуваме сите заинтересирани страни да ги дадат своите идеи пред овие состаноци и сите заинтересирани страни да контактираат со соодветните проект менаџери (Фатмир Хоџа – Македонија, Констадин Чакали – Албанија) за да го потврдат присуството поради организација на работилниците.